ДАЛИ КОНЕЧНО Е РЕШЕНА МИСТЕРИЈАТА СТАРА 60 ГОДИНИ !? Светот од денес знае нови детали за атентатот на Џон Ф. Кенеди

Безбедносната разузнавачка служба на Финска (Супо) декласифицираше досие старо 60 години кое фрла ново светло на посетата на Ли Харви Освалд на Финска во 1959 година, објавија денес финските медиуми.

Ли Харви Освалд е човекот кој го уби претседателот на Соединетите Американски Држави, Џон Ф. Кенеди, на 22, ноември 1963 година, а веќе следниот ден, 23. ноември 1963 година, Супо напишал меморандум за престојот на Ли Харви Освалд во Финска.

Сепак, до сега тој и уште два документи се чуваа во строга тајност, пишува финскиот јавен медиумски сервис YLE. Во документот се наведува дека ноќта на 10. октомври 1959 година, млад човек идентификуван како американски државјанин со име Ли Харви Освалд пристигнал во хотелот „Торни“ во Хелсинки, ја изнајмил собата со број 309 и најавил петдневен престој. Меѓутоа, по само две ноќи, Ли Харви Освалд го сменил местото на престој и се преселил во хотелот „Клаус Курки“, каде што останал уште три ноќи.

И покрај напорите на службата Супо, мотивите на Ли Харви Освалд за посетата на Хелсинки не се утврдени, а секојдневните активности на 19-годишниот Американец тогаш за време на неговиот престој во Финска остануваат неодредени. Досиејата на Супо покажуваат дека Ли Харви Освалд поднел барање за советска виза, која била доделена изненадувачки брзо.

Американската комисија Ворен, задолжена за истрага на атентатот на Џон Ф. Кенеди, истакна тогаш дека визата на Ли Харви Освалд била одобрена за невообичаено брзо време. На 12. октомври 1959 година Ли Харви Освалд аплицирал за туристичка виза во советската амбасада во Хелсинки, а веќе на 14. октомври таа виза му била одобрена.

Ли Харви Освалд

Во барањето за американски пасош на Ли Харви Освалд било наведено дека тој имал намера да студира во Швајцарија или на Универзитетот во Турку, Финска. Сепак, по заминувањето од Хелсинки за Москва, Ли Харви Освалд изразил желба да добие советско државјанство.