Хрватаката Влада на вчерашната седница во 12 часот брутално ќе ги зголеми платите на министрите и на другите државни функционери, вкупно 270.
Премиерот Андреј Пленковиќ ќе си ја покачи платата за речиси 2.500 евра, колку и платата на претседателот Зоран Милановиќ и на претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.
„Време е оние кои се кандидираат, кои се назначени на политички функции, поадекватно да имаат вреднувана работа. Ова е само првиот чекор, зголемување на основицата, која ја повлекуваме на ниво на основица за државни и јавни службеници, а министерот Хабијан и неговите колеги ќе работат на нова рамка за плати на функционерите, бидејќи сметаме дека оваа работа треба да биде соодветно платена и во Хрватска“, рече Пленковиќ.
Тој додаде дека една од причините за зголемувањето на платите е да се привлечат луѓе да се занимаваат со политика, но и со борбата против корупцијата.
„Сметаме дека зголемувањето на платите е антикорупциска мерка. Откако обезбедивме голем економски раст и ги зголемивме минималните плати, време е да ги зголемиме платите на министрите“, оцени Пленковиќ.
Тој рече дека неговата плата не е многу висока во споредба со другите земји.
Основната плата ќе се зголеми на 947 евра бруто, наместо 516 евра колку што беше претходно. Тоа е зголемување од 83 проценти.
Со тоа, нето износот на платите ќе се зголеми за повеќе од 60 отсто, а на највисоките државни функционери за 70 отсто.
Ова ќе бидат новите плати на државниот врв:
Зоран Милановиќ (претседател): 6074 евра нето (стара плата 3600 евра нето)
Андреј Пленковиќ (Премиер): 5535 евра нето (стара плата 3263 евра нето)
Гордан Јандроковиќ (претседател на парламентот): 5314 евра нето (стара плата 3113 евра нето)
Марко Приморац (вицепремиер): 4776 евра нето (стара плата 2769 евра нето)
Дамир Хабијан (министер): 4167 евра нето (стара плата 2357 евра нето)