„И ЈАС СУМ ТАТКО НА ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ“ Градоначалникот на Бор се расплакал додека зборувал за убиената Данка Илиќ
Градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ денеска на прес-конференција соопшти дека тешко се справувал со ситуацијата околу убиената Данка Илиќ. Во еден момент дури и заплака.
– И јас сум татко на двегодишно дете – рекол градоначалникот и додаде дека се прифатил многу тешко и емотивно.
Како што вели, и самиот е татко на двегодишно дете, а тоа го прифатил многу тешко и емотивно. Не се надевал дека вака ќе заврши исходот и до последен момент верувал дека Данка е жива и е во Виена, дека наскоро ќе биде во прегратките на семејството.
Како што рекол, треба сите да работиме на емпатија и дека не може да поверува какви луѓе постојат и како е можно некој да направи вакво страшно злосторство.
Потсетуваме, телото на убиената Данка се уште не е пронајдено, иако деноноќно се трага по основите каде што се сомнева дека телото можеби е некаде.
Сите осомничени за ова монструозно убиство се уапсени и одредена им е мерка притвор.