Кавгата со Белингам и високата плата се причините зошто Рудигер го напушта Реал Мадрид

Искусниот дефанзивец на Реал и германски репрезентативец, Антонио Рудигер (32), ја игра својата последна сезона во Кралскиот клуб, бидејќи неговиот договор истекува следното лето.

За потсетување, тој пристигна во Реал во 2022 година, а беше клучен дефанзивен играч во изминатите сезони, објавува „Дејли меил“.

Искусниот дефанзивец одигра 157 натпревари за Реал и освои осум трофеи, но оваа сезона падна во втор план под водство на тренерот Чаби Алонсо. Германските медиуми објавуваат дека Алонсо не е задоволен од формата и физичката подготвеност на Рудигер, особено поради неколкуте повреди што го следеа во последните сезони.

Исто така, Рудигер моментално не игра поради повреда на бутот, и генерално е во втор план во Реал, особено по доаѓањето на Дин Хујсен и закрепнувањето на Едер Милитао.

Дополнителна причина за разделба е високата плата на Рудигер од над 10 милиони евра по сезона, што клубот ја смета за превисока за играч кој не е во преден план.

Веста за можното заминување доаѓа неколку месеци по инцидентот на тренинг во кој Рудигер се судри со соиграчот Џуд Белингам. Конфликтот се случи во текот на минатата сезона, кога Реал остана без ниту еден трофеј.

Според шпанскиот „Ел Чирингито“, тензиите ескалирале откако Рудигер започнал остро на дуелот со Белингам, на што англискиот играч од средниот ред одговорил со навреда. Поголем конфликт спречиле соиграчите кои ги разделиле.