Каде исчезна ,,зомби верзијата” на Анџелина Џоли!? Заврши во затвор, беше на респиратор, а потоа ѝ се изгуби секоја трага (ФОТО)
Иранката Сахар Табар, девојката која на светот му стана позната по своите селфиња на кои изгледа како „ зомби“ верзија на Анџелина Џоли, по излегувањето од затвор за првпат на обожавателите им го покажа своето вистинско лице, нешто повеќе од пред една година .
Оваа 22-годишна девојка (вистинско име Фатемех Хишванд) признала дека нејзините фотографии на социјалните мрежи биле обработени со помош на различни ефекти. Иако тврдеше дека направила околу 50 пластични операции , таа призна дека „ само го средила носот и ставила филери во усните“ .
Таа беше уапсена во октомври 2019 година за „промовирање погрешни вредности“ и „богохулење“. Таа беше прогласена за виновна и отслужи 14 месеци од 10-годишната затворска казна.
Додека ја отслужувала казната се заразила со корона вирусот и извесно време била на одделението за интензивна нега приклучена на респиратор. Оваа девојка еднаш признала дека секогаш сонувала за слава . И ова беше начин да стигне до неа.
– Интернетот беше едноставен начин. Беше многу полесно отколку да станеш актерка. Мајка ми ми рече да престанам да објавувам, но јас не ја послушав – рекла Сахар.
Откако излезе од затвор, таа објави дека се откажува од социјалните мрежи. На нејзиниот Инстаграм профил нема објави од 2019 година , луѓето на социјалните мрежи прашуваат каде е…
– Веројатно била предупредена дека ќе биде вратена во затвор доколку тргне во истиот правец – напиша еден корисник на Твитер…