Каде и да се појави овој пар, се крева прашина! Никому ништо не му е јасно, сите веднаш ги прашуваат едно!

Каи и Роб се запознале како геј пар, но нивната врска преживеала трансформација бидејќи Каи одлучила да стане жена.

Каи Тарнер (32) ги сподели своите искуства за предизвиците со кои се соочува како транс жена и патувањето кое го поминала со нејзиниот партнер Роб.

Двојката се запознала пред пет години преку Фејсбук, а по само неколку месеци се вериле, уште во раните фази на нивната врска.

Пред да го запознае Каи, Роб поминал 16 години во врска со мајката на неговите деца и имал една кратка хомосексуална врска. Кога Каи и Роб се запознале, Каи сè уште бил машко и нивната врска започнала како хомосексуална. Меѓутоа, околу една година подоцна, Каи реши да оди по транзицискиот пат, а Роб ја поддржуваше во текот на целиот процес.

Дечкото на Роб стана негова девојка – Каи

@transdollkai_ #CapCut ♬ sonido original – Liuzmila Gutierrez

Нивната љубов беше нападната од бројни предрасуди. Каи вели дека често ги етикетираат како геј пар, а наидуваат и на навреди и погрешни толкувања.

Врската започнала како хомосексуална, а потоа Каи го променила полот.

– Ако е маж, дали тоа значи дека се геј пар? – е прашање кое многумина веднаш го поставуваат, вели Каи, но истакнува дека нивната љубов останува силна и покрај сите предизвици.

Каи никогаш немала проблем со својата сексуалност и тврди дека пораснала во многу поддржувачка средина. 

@transdollkai_ Happy weekend everyone! I’ll be live ahain tuesdsy! Follow @TransDollCosmetics ♬ Shen Yeng Anthem – Shenseea

Посочува дека детството го поминала во мала социјална населба со нејзината мајка, која секогаш ја бодрела и ја славела нејзината уникатност. Нејзиното трансродово патување започна подоцна во животот, кога откри трансродови луѓе и најде инспирација благодарение на YouTube.

Веќе три години Каи е на хормонска терапија и планира операција за зголемување на градите. Во меѓувреме, таа работи како лекар по естетска медицина, изведувајќи третмани како филери за усни и ботокс. Таа го документира своето патување на интернет, каде што изгради заедница од речиси 100.000 следбеници.

– Ме прифаќаат и ме сакаат таква каква што сум, а јас не можев да бидам посреќна – им порача Каи на своите фанови.