Каде може да го гледате големото финале на Ѓоковиќ и Синер во живо?

Денеска од 18 часот на програмата е големото финале меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ за титулата на завршниот Мастерс во Торино.

Тенисерот од Србија ќе се бори за седмата титула на овој турнир, со што на вечната листа ќе го престигне легендарниот Роџер Федерер, а од друга страна, младиот Италијанец има можност за првпат да го подигне престижниот пехар.

Ѓоковиќ полесно од очекуваното го надигра Карлос Алкараз со 2:0 во сетови, а Синер во три сета беше подобар од Даниил Медведев.

Тоа ќе биде еден вид реванш дуел од групната фаза на Зелената група, кога Италијанецот по повеќе од три часа тенис го победи светскиот тенисер број еден со 2:1 во сетови.

Директниот пренос од финалето Ѓоковиќ-Синер може да го следите во живо на Спорт Клуб 1.