Каде се денес децата на Мита Пантиќ!? Од ,,Тесна кожа” до ,,Задруга” и театар – еве што им се случи на актерите
Пред повеќе од четири децении, легендарниот Никола Симиќ го сними еден од најгледаните југословенски филмови „Тесна кожа“, чиј ликови се незаборавни.
Тој ја играше главната улога, Димитри Мита Пантиќ, кого помладите генерации го обожаваа, а постарите се поистоветуваа со него. Актерот немаше свои деца, но улогата на таткото ја одигра маестрално, а еве каде се и што прават денес Бранко, Мира и Аца Пантиќ.
Гојко Балетиќ, кој го толкуваше ликот на Бранко Пантиќ, продолжи со актерството, а го видовме во продукциите „Белиот брод“, „Александар Југославија“, „Горчлив плод“, „Мирисот на дождот на Балканот“, ,,Шесто сетило“ и други.
Тој редовно игра и во Народниот театар во Белград, каде што е постојан член од 1985 година.
На малите екрани најчесто се појавува Мира, односно Даница Максимовиќ, која му пркоси на времето, додека Александар Тодоровиќ, кој го игра Аца Пантиќ, одамна ја напушти Србија, а потоа се врати по повеќе од 30 години, но само на кратко. Александар повеќе не се занимава со актерство, но пред две години учествуваше во „Задруга“.