КАДЕ ЌЕ БИДЕ ЗАКОПАН ПРИГОЖИН? Семејството сигурно нема да прифати ЕДНА ЛОКАЦИЈА, a ОВОЈ ОБИЧАЈ НЕМА ДА ГО НАПРАВАТ

Датумот на погребот се уште не е одреден

Во Русија се води дебата каде ќе биде погребан шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, иако нема официјална потврда за неговата смрт.
Бидејќи датумот на погребот се уште не е одреден, а телото не е предадено на роднините, обичајот во Русија да се погребува на третиот ден по смртта дефинитивно нема да се почитува.

Како херој на Русија, Пригожин има право на место во главната воена некропола на земјата – „Пантеонот на бранителите на татковината“ во Митишчи , Московскиот регион, кој беше отворен во 2013 година. 

Некрополата во Митишчи е изградена специјално за погребување на пензионирани и актуелни високи функционери на вооружените сили на Русија, СССР и граѓани со особено важни државни заслуги.

Во Санкт Петербург, хероите традиционално се погребуваат на меморијалните гробишта Серафимовское, а тоа би било друга опција , меѓутоа, по наредба на гувернерот, на починатите членови на Специјалната воена операција од овој регион обично им се даваат места на територијата на гробиштата Белоостровское.

Објектот се наоѓа во зафрленото село Песочное во областа Курортни, а руските медиуми шпекулираат дека е речиси невозможно семејството на Пригожин да ја избере оваа локација.