Кадиров го одликува својот 15-годишен син

– Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров го одликува својот 15-годишен син Адам со титулата Херој на Чеченската Република.

– Со големо задоволство му честитам на мојот драг внук Адам Рамзанович Кадиров за доделувањето на највисоката титула на Чеченската Република Херој на Чеченската Република, изјави Адам Делимханов, член на руската Државна дума и десна рака на Кадиров.

Според Делимханов, Адам Кадиров е „пример за исклучително добро образована, добро развиена и решителна млада личност“ и ги истакна неговите достигнувања во боречките вештини и стрелаштвото.

Тој објави фотографија од себе и Адам Кадиров, а зад нив има мурал на кој е прикажан рускиот претседател Владимир Путин.

Херојот на Чеченската Република е највисоката државна награда во Чеченија, а указите за доделување ги потпишува шефот на Републиката, што всушност значи дека Рамзан Кадиров му ја доделил титулата на својот малолетен син.

Рамзан Кадиров прво потпиша указ за доделување на медал на самиот себе. Чеченскиот лидер неодамна објави видео на кое неговиот син Адам брутално тепа 19-годишен затвореник, кој беше уапсен во мај за јавно палење на Куранот во Волгоград, а потоа беше префрлен во затвор во Чеченија.