Кадиров сакаше да покаже колку е јак! Лидерот на Чеченија реши да стави крај на гласините дека е болен, па го направи ова (ВИДЕО)
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е снимен како турка и влече теренско возило.
Според медиумите, тој тоа го прави за да докаже дека е во полна форма, бидејќи деновиве се зборува за неговото здравје.
Сепак, критичарите се скептични за видеото, со оглед на тоа што на видеото се гледа само левата страна на камионот.
Снимката доаѓа само неколку дена откако Кадиров беше виден како очигледно се мачи да се качи по скалите на петтата церемонија на положување заклетва на Путин. Тој наводно боледува од „некроза на панкреасот“ поради долгогодишно пиење.