– Италијанското спортско правосудство ќе ја преразгледа на 22 овој месец казната со одземање 15 бодови на фудбалскиот клуб Јувентус поради наводни сметководствени измами.
Апелациониот суд во јануари донесе одлука за одземање 15 бодови на Јувентус, откако торинскиот клуб беше прогласен виновен за стекнување капитална добивка на незаконски начин при трансфер на свои играчи и „сметководствени малверзации“.
Јувентус вложи жалба по која изречената казна беше суспендирана на 20 април и на клубот му беа вратени одземените бодови.
Случајот е вратен во Федералниот апелационен суд на нова постапка, бидејќи се бараат појаснувања и измени врз основа на нови докази.
Италијанските медиуми пренесуваат дека се очекува Јувентус да добие помала казна и да му бидат одземени девет бодови, а според истите извори останува засега нејасно дали тоа ќе се одложи за следната 2023/24 сезона.