Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции.
Како што соопшти МВР, изречени се и девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет за некористење на сигурносен појас, 11 санкции за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.