Каква бомба! Карлеуша беше на концертот на Јелена Розга – Нејзиниот изглед ги занеме сите (ФОТО)

Јелена Карлеуша уживаше на концертот на Јелена Розга во Штарк Арена во Белград, каде се појави во провокативно издание.

Јелена Карлеуша не го пропушти големиот концерт на нејзината истоименичка Јелена Розга во белградската Штарк Арена, каде се појави во издание во кое не можеше да остане незабележана.

44-годишната пејачка за оваа пригода избра материјал сошиен само од неколку ленти и здолниште со висок шлиц, а од лицето не ги тргна темните очила кои всушност останаа во сенка на она што го носеше.

На влезот во арената ја пречекаа бројни фотографи и обожаватели кои не престанаа да ја фотографираат.

На концертот освен Јелена се појавија и Наташа Беквалац, Александра Пријовиќ, Сергеј Четковиќ и Југослав Кариќ.

Розга своите најголеми хитови ги изведе во распродадената арена Штарк, а пееше во полупроѕирен комбинезон од тантела.

„Ти благодарам што си минута од моето срце, ти благодарам што ми го даде твоето срце. Моето ќе ти го дадам на 4/7 во Штарк Арена“, напиша Јелена пред концертот на својот Инстаграм профил откако беше потврдено дека таа го распродаде концертот.

„Честитки, драга моја“, ѝ напиша Нина Бадриќ, а меѓу првите кои и’ честитаа беа српските колешки Јелена Томашевиќ и Милица Тодоровиќ и црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ.