КАКВА “БРАТСКА“ ЉУБОВ – Владимир Путин му испрати новогодишна честитка на Александар Вучиќ: Погледнете што му напиша и што му посака
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, доби честитка по повод претстојните новогодишни и божиќни празници од претседателот на Русија, Владимир Путин, кој веќе две години води крвава и агресивна војна во Украина.
„Почитуван господине претседателе, искрено ви ги честитам новогодишните и божиќните празници. Без оглед на тешката ситуација во светот, односите меѓу Русија и Србија, кои се засноваат на вековните традиции на пријателство и духовна блискост, се развиваат во конструктивен дух. Сметам на продолжување на нашиот дијалог и продуктивна заедничка работа за актуелните прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда. Ви посакувам вам, на вашите роднини и најблиски добро здравје, благосостојба и успех, а мир и благосостојба на братскиот српски народ“, се вели во честитката на Владимир Путин, пренесуваат соседните медиуми.