Каква сензација! На Новак Ѓоковиќ му се расчисти патот до 100. титула во кариерата, елиминиран е првиот носител

Матео Беретини направи големо изненадување во второто коло на Мастерсот во Монте Карло и го совлада Александар Зверев со 2:1 по сетови 2:6, 6:3 и 7:5.

По воведниот сет во кој беше слаб, Италијанецот одигра многу подобро и со еден брејк го обезбеди решавачкиот сет.

Беретини ја имаше првата можност да го елиминира Германецот на 5:4, но лесно го загуби својот сервис. Сепак, брзо го доби вториот брејк. и овој пат беше посигурен во својот сервис и обезбеди премин во следната рунда.

Покрај тоа што Холгер Руне отпадна, учеството го заврши и Александар Зверев, што значи дека патот на Новак Ѓоковиќ до 100. АТП титула е дополнително расчистен.