КАКВА УЦЕНА ОД СОПРУГАТА НА ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА ПСЖ – Му побарала милион евра за да ги види децата, а потоа му кажала дека не се негови !?
Мевлут Ердинч, поранешен репрезентативец на Турција и фудбалер на ПСЖ, Фенербахче, Реан и Баскешехир, на социјалните мрежи објави пораки во кои неговата сопруга го уценува. Таа му бара милион евра за да може да си ги види децата.
„Мојата сопруга не дава никаков одговор пет месеци и ме спречува да се видам со моите деца. Не знам каде се…“, напиша фудбалерот во објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Тој додава дека се слушнал со својот син кој долго време не го видел.
„Разговарав со мојот син во саботата бидејќи успеав да стапам во контакт со сопругата преку е-пошта. Напоменав дека ќе префрлам еден милион евра на нејзината сметка. Се венчавме на почетокот на мојата кариера, а сега кога се пензионирав таа сака да остави ме“, вели тој.
Мевлут Ердинч добил брутален одговор од сопругата кој длабоко го повредил.
„Дури и жена ми ми кажа дека децата не се мои. После толку години врска и брак тоа ми кажува. Бев долго време надвор од дома како и сите фудбалери, натпревари секој викенд, тренинзи. Ме натера да се сомневам. Побарав ДНК тест, но таа не ми дозволи“, вели Мевлут Ердинч.