КАКВО “ЛУДИЛО“ – ЛеБрон Џејмс го претрпе најболниот пораз во кариерата, а во ист момент собори еден од најголемите рекорди во НБА лигата
Кошаркарите на Филаделфија претходната вечер го победија Лос Анџелес со 138:94 и му го нанесоа најтешкиот пораз на ЛеБрон Џејмс во досегашната НБА кариера.
Загубата од 44 поени е најтешката загуба во кариерата на ЛеБрон Џејмс, која започна во 2003 година. Тој претходно загуби 36 поени против Мајами Хит и 42 поени против Индијана Пејсерс во 2019 година.
Сепак, во ноќта позади нас ЛеБрон Џејмс собори голем рекорд во најсилната кошаркарска лига во светот!
Имено, ЛеБрон Џејмс сега е прв на листата на играчи со најмногу одиграни минути во историјата на НБА, сметајќи го лигашкиот дел и плеј-офот.
Досега во кариерата има запишано 66.319 минути, надминувајќи го Крим Абдул-Џабар (66.297).
Во тимот на Лос Анџелес Лејкерс синоќа најефикасен беше ЛеБрон Џејмс со 18 поени. Ентони Дејвис постигна 17 поени и 11 скока, а Остин Ривс и Д’Анџело Расел додадоа по 12 поени.