КАКОВ пресврт: Влаховиќ за 60 милиони потпишува за клубот со најдобар напад во светот!? “Сликан” е во “новиот дрес”

Голем предизвик.

Душан Влаховиќ на лето би требало да го напушти Јувентус, а негов нов клуб ќе биде францускиот шампион ПСЖ, пренесуваат италијанските медиуми.

Наводно, „светците“ веќе стапиле во контакт со Јувентус и се подготвени да платат 60 милиони евра за српскиот репрезентативец.

Неодамна се шпекулираше дека Влаховиќ е на прагот на трансфер во Реал Марид, но сега дојде до промена, па Влаховиќ најверојатно ќе замине во Париз и Лига 1.

Доколку трансферот се финализира, Влаховиќ ќе биде дел од атомската навала во која се и Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар.

Српскиот напаѓач оваа сезона постигна 10 гола на 26 натпревари.