КАКОВ ПРЕСВРТ! НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАЛ ОВА! Нетанјаху испраќа помош за Сирија, на својот повеќедецениски непријател!
Како што вели тој добил повик за помош од Дамаск.
Израел денеска објави дека го добил барањето на Сирија за помош по разорниот земјотрес што рано утринава ги погоди Сирија и Турција и дека е подготвен да испрати помош во таа земја , што би претставувало многу ретка соработка меѓу непријателските соседи, според Ројтерс.
Сепак, провладиниот сириски весник „Ал Ватан“ наведува, повикувајќи се на неименуван извор, дека Дамаск не упатил такво барање до Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека наредил помошта да се пренесе со хеликоптер во Турција.
– Бидејќи беше добиено барање тоа да се направи за многу жртви од земјотресот во Сирија, наредив тоа да се направи на тој начин – рече Нетанјаху.
На прашањето на Ројтерс кој го поднел барањето за помош за Сирија, неименуван израелски функционер одговорил само „Сиријци“, а на прашањето дали се однесува на членовите на опозицијата или на владата на претседателот Башар ал Асад, службеникот накратко рекол „Сирија “.
Израелската телевизија Кан ги објави зборовите на неименуван извор дека Русија му го пренела барањето на Израел да и помогне на Сирија, а руската амбасада во Израел одби да коментира. Израел и Сирија се во воена состојба со децении , со пократки периоди на прекин на огнот, а Израел извесно време им помагаше на сириските бунтовници.