КАКОВ ХИТ! ВО САРАЕВО, ВО ПРЕЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА, „СЕ ОБРАТИ“ ТИТО: „Раскажа анегдота за актерите, публиката врескаше од среќа“ (ВИДЕО)

Прославата на Новата година во Сараево беше вистински спектакл, а жителите на Босна и Херцеговина 2024 година ја дочекаа со Црвеното јаболко, Забрането пушење, Бомбај прес, но и со специјален „гостин“, Тито.

Покрај одличната атмосфера, овој дочек ќе остане запаметен и по интересен скеч.

Имено, поранешниот претседател на Југославија и лидер на КПЈ, Јосип Броз Тито, на новогодишната ноќ на присутните во Сараево им се „обрати“ на интересен начин, а се претпоставува дека пораката е генерирана со помош на вештачка интелигенција.

@adfood2

Josip Broz Tito se na zanimljiv način obratio sarajevskoj publici u novogodišnjoj večeri✨ #newyear #newyearseve #welcome2024 #sarajevo #bosnia #bosniaandherzegovina #balkan #fyp #foryou #viral #yugoslavia #serbia #croatia

♬ original sound – ADFood

По настапот на Бомбај прес, на сцената излегоа водителките на новогодишната програма Зенит и Аида и „разговараа со Тито“, а во еден момент публиката врескаше од воодушевување.

Тито во скечот раскажа и анегдота од познатата новогодишна ноќ, кога, како што наведува, Софија Лорен и Елизабет Тејлор „на ќебапи“ го испратиле познатиот холивудски актер Ричард Бартон, кој го глумеше Тито во филмот „Битката за Сутјеска“.