КАКОВ ЌЕ БИДЕ КРАЈОТ НА РУСКИОТ ‘ЦАР’ !? Поранешната пропагандистка на Кремљ открива: “Вака ќе изгледа последниот ден на Владимир Путин! Не, никој нема да го убие или отруе, но…“
Поранешната новинарка на руската државна телевизија, Марина Овсјањикова, даде интервју за британската новинарка Бет Ригби и кажа дека – „Владимир Путин нема доволно луѓе за да ги убие сите што го критикуваат“, пишува Sky News.
Да потсетиме, Марина Овсјањикова се најде на насловните страни на светските медиуми кога минатата година, веднаш по почетокот на инвазијата на Украина, во емисија во живо на руската телевизија држеше траспарент со антивоена порака. Во разговорот со нејзината колешка, Бет Ригби, таа повторно го критикуваше рускиот претседател.
„Мислам дека Владимир Путин нема доволно ‘Новичок‘ за сите негови противници. Бидејќи, всушност, кога започна војната, многу повеќе луѓе почнаа да зборуваат против режимот и многу повеќе луѓе продолжуваат да го прават тоа“, изјавила таа.
„Новичок“ е воен нервен отров користен во труењата во Солсбери во 2018 година, а со него беше отруен и рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во 2020 година.
Марина Овсјањикова, која до минатата година работеше за руската телевизија Kanal 1, кажала дека се надева оти Владимир Путин ќе биде соборен од луѓето околу него и се осврнала на неодамнешните критики упатени кон него од страна на првиот човек на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин.
Уште еден лојален соработник на Владимир Путин, Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија, исто така отворено ги критикуваше достигнувањата на руските воени сили во Украина, но не и самиот Владимир Путин.
Марина Овсјањикова исто така изјавила: „Мислам дека Украина ќе почне да постигнува значајни победи на фронтот, а потоа елитите Русија дополнително ќе ја поделат. Погледнете што се случува сега… што вели Евгениј Пригожин. А потоа Рамзан Кадиров исто така вели нешто друго. Се надевам дека тој систем ќе се распадне одвнатре“.
На прашањето дали руските елити можат да го соборат Владимир Путин, Марина Овсјањикова кажала дека тоа е многу тешко бидејќи немаат лидер кој може да ги организира луѓето со оглед на тоа што лидерот на опозицијата Алексеј Навални е во затвор.
„Нема активна организација. Така што мислам дека елитите ќе се поделат, но веројатно нема да биде класичен државен удар. Веројатно никој нема да го убие или отруе Владимир Путин, но некој од неговото најблиско опкружување може еден ден да дојде и да каже: ‘Владимир, ја губиме војната. Време е да си одиме’. На последниот ден од војната, кога Русија ќе ја изгуби војната, тоа ќе биде последниот ден на Владимир Путин. Тоа е јасно. Тој се плаши за својот живот. Тој е во неговиот бункер. Тој е изолиран од целиот свет“, изјавила таа.
Марина Овсјањикова понатаму во интервјуто го опишала Алексеј Навални како „херој“, но кажала дека дури и неговата смрт нема да биде доволна за да ги натера луѓето да протестираат на улиците, а додала и дека се плаши поради неговото влошено здравје за неговиот живот.
„Знаеме дека го мачат пред очите на целиот свет. Не дај Боже да умре. Но, мислам дека тоа не би предизвикало некаков вид масовен протест, затоа што треба да разберете дека рускиот народ е заплашен и нема што да ги натера луѓето да излезат на улица. Во Русија има три милиони луѓе кои работат за ФБС или некоја друга безбедносна служба. Полицијата е насекаде и ако само ја кренете главата од земја, животот ќе ви биде уништен. Владата работи и функционира како во времето на Јосиф Сталин“, објаснува таа.
Марина Овсјањикова се осврнала и на притворот на американскиот новинар Еван Гершкович во Русија и кажала дека тоа е начин на Владимир Путин да испрати „сигнал“ до странските новинари да се држат настрана од неговата земја. Сепак, таа верува дека Еван Гершкович би можел да биде ослободен во размена на затвореници.
„Еван Гершкович е всушност заложник и ќе го користат како симбол. Тој ќе биде разменет за некои други луѓе лојални на Владимир Путин кои сега се во американските или британските затвори“, тврди таа и додава: „Но, Владимир Путин во исто време испрати сигнал до сите странски новинари: Не останувајте овде. Русија е опасно место за вас“.
Зборувајќи за нејзиниот протест против војната во Украина во живо на руската државна телевизија каде што работела, Марина Овсјањикова кажала дека чувствувала дека мора да направи нешто откако го видела почетокот на руската инвазија.
„Кога започна војната, не можев да го свртам погледот. Се пролеа крв. Имаше многу милиони бегалци. И сето тоа го видов на моите екрани. Но, тоа не го кажа пропагандата. Можам да кажам дека војната ми стана точка од која нема враќање и дека повеќе не можев да молчам. Чувствував дека живеам во некоја паралелна реалност. Дека земјата оди во целосен тоталитаризам“, искрено одговорила Марина Овсјањикова.