Како блиските луѓе влијаат на нашето здравје: Овој доктор тврдел дека постои една работа која секој од нас мора да ја направи и да избегне пропаст

Никој не може да ве повреди како најблиските и ништо не може да ве чини колку акумулираните негативни емоции и незадоволство. Овој човек го потврдил тоа!

Д-р Бернард Лоун, кардиолог на Универзитетот Харвард, бил познат по своите мудри размислувања за човечкиот живот и односот помеѓу душата и телото. Д-р Лоун почина во февруари 2021 година на 99-годишна возраст, а во 1985 година ја доби Нобеловата награда за мир за неговата кампања против нуклеарната војна.

Тој бил пионер во истражувањето на смртта поради срцев удар во 1962 година, а во своите јавни настапи ги откривал тајните на долговечноста. Ова е еден од многуте настани во кои е опишана врската помеѓу прераната смрт и лошите односи со најблиските.

Д-р Бернард Лоун прегледал еден од неговите пациенти. Поставувал прашања, на кои пациентот не сакал да одговори. А сопругата на пациентот постојано одела да пуши.

Лекарот и приговорил на неговата сопруга: „Како можеш да пушиш толку, па дури и кога си свесна дека имаш сопруг со срцево заболување? Каква лоша навика! Жената се расплакала и рекла:

„Каква врска има моето пушење! Не е работата во тоа! Џон ве лаже и не ви ја кажува главната работа – се разболе затоа што мајка му постојано го пцуе, го малтретира, го укорува … Му се јавува и го навредува. И Џон не може да направи ништо, бидејќи тоа е неговата мајка! “

Зошто луѓето со тежок внатрешен конфликт се разболуваат и умираат?

Овој разговор оставил силен впечаток кај докторот. И започнал да ги набљудува пациентите. И тој бил шокиран: извесен старец бил лишен од имотот од страна на неговиот зет, бизнисот си го препишал на себе и старецот веќе се плашел да шета низ собата – зетот му викал, и прекорувал дека тропал со нозете … И овој сиромашен старец се претворил во инвалид. Друг пациент закрепнувал по тешка операција – а мајка му го барала и проколнуваше поради пари. Пациентот починал. Имало многу вакви случаи.

Лоун рекол: „Сите мои пациенти се жртви на емоционални конфликти со блиски луѓе“.

Конфликти од кои е невозможно да се најде излез: мора да комуницирате. Мора да го кренете телефонот, да разговарате, да живеете заедно, да посетувате, да ги сузбивате вашите природни емоции; затоа што треба да бидете добар. Добар свекор, добар син, добра сопруга … Така треба!“

Причината за болеста или повредата, според овој доктор, е всушност во конфликтот, во упорниот непријателски однос кон човекот. Колку човекот е поблагороден и посмирен, толку потешки се последиците од таквиот конфликт.

На крајот на краиштата, надворешното станува внатрешно. И негативната личност се населува во потсвеста. Многу е тешко да „се избрка оттаму“. Сите сили на телото се трошат на оваа внатрешна борба, во која нема победник – тука се борат меѓусебно делови на една личност!

Затоа, луѓето со тежок внатрешен конфликт се разболуваат и умираат. И наместо да го признаат конфликтот, тие се тераат себеси да „простат“, „да разберат“, „да не обрнуваат внимание“, така советува околината. Додека не се препознае конфликтот, додека не се препознае непријателството и злобата на другото лице, болеста ќе се влоши.

Лоун едноставно им забранил на пациентите да зборуваат по телефон – тогаш немало мобилни телефони. И им дозволувал само на оние роднини со кои пациентите имале добри односи да ги посетуваат пациентите. И луѓето закрепнувале, заблагодарувајќи му се на докторот, а потоа на Лоун му ја доделија Нобеловата награда – за сложена операција на срцето.

Но, требало да му се даде уште една -за ова откритие, кое го потврдува самиот живот.