Како Борис Бекер уживал благодарение на Новак Ѓоковиќ во затворот !? Искрена исповред на легендарниот Германец – вака Србинот му помогнал на својот пријател во најтешкото

По излегувањето од затвор поради финансиска и даночна измама, Борис Бекер се појавува односно се зборува за него во медиумите многу поретко отколку пред да излезе од затвор.

Легендарниот Германец внимателно избира за кого ќе зборува и со кого ќе даде интервју, а пет месеци по излегувањето од затвор Борис Бекер зборуваше за престижниот британски весник The Guardian.

Тој се присетиl на периодот кој го поминал како затвореник, а неизбежно било да се зборува и за Новак Ѓоковиќ, чиј тренер беше токму тој.

Борис Бекер открил дека имал помош од обезбедувањето бидејќи му било дозволено да го гледа финалето на Вимблдон во кое Новак Ѓоковиќ го победи Ник Киргиос и ја освои својата седма титула на турнирот.

Бев многу емотивен кога тоа се случи“, изјавил поранешниот тенисер.

Познатиот германски тенисер, кој и самиот освои шест Грен слем трофеи, продолжи да зборува за Новак Ѓоковиќ и за она што го чека, а тоа е Ролан Гарос.

Би било глупаво да го отпишеме. Тоа не му е најдобра подлога, но во последните неколку години успева да најде форма само за Ролан Гарос. Се додека е здрав и сака да игра, секогаш ќе биде дел од фаворитите за освојување на Грен Слем“, истакнал Борис Бекер.

Борис Бекер додал дека српскиот тенисер не ја добива љубовта и почитта што треба да му припаѓаат како играч и како личност.

Тој е многу отворен, комуникативен човек кој понекогаш изгледа како тениска машина. Но, кога не е на теренот, тој е прилично шармантен. Можете да разговарате со него за бизнис, политика, музика, тој е добро момче. Тој е и вистински тенис историчар. Тој разбира кој бил тука пред него и сака да остави свој белег. Тој веќе го направи тоа. Исто така е перфекционист како и сите суперѕвезди. Сака да има совршен натпревар, што можеби се случило еднаш или дв апати во неговиот кариера“, заклучува Борис Бекер во интервјуто за споменатиот весник.