Секоја крвна група на различни начини се справува со стресот, нагласуваат истражувачите, а ова се вежбите и тренинзите кои се препорачуваат…
Важно е да ја знаете вашата крвна група бидејќи таа може да ни каже на кои болести сме склони, но и како да се справиме со стресот.
Можеме да откриеме и како најдобро да го елиминираме стресот, земајќи ја предвид крвната група.
Всушност, научно е документирано дека луѓето со крвна група А најлошо се справуваат со стресот.
Тоа е затоа што тие имаат повисоки нивоа на кортизол во крвта, хормонот одговорен за чувството на стрес, што значи дека тие се повеќе зависни од стрес од другите крвни групи.

Физичката активност е одличен начин за намалување на стресот, а на лицата зависни од стрес со крвна група А им се препорачуваат смирувачки физички активности како таи чи и јога, кои го намалуваат нивото на кортизол.
Луѓето со крвна група О, покажале истражувањата, најдобро се справуваат со стресни ситуации, но им треба помош и за отстранување на хормонот кортизол од нивните тела.
Во тој поглед најмногу ќе помогнат енергичните вежби кои брзо ќе го елиминираат чувството на стрес.
Луѓето со крвна група Б најдобро реагираат на јога и други нежни форми на вежбање, додека лицата со крвна група АБ најдобро функционираат кога нивната дневна рутина е избалансирана, без големо чувството на стрес.