Како во Постапокалиптичен филм: Погледнете како изгледа Бахмут – место каде една година се води крвава битка (ВИДЕО)

Руските трупи контролираат околу 65 отсто од градот, но украинската армија продолжува да дава жесток отпор.

Андреј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на својот Твитер профил објави видео од Бахмут, на кое се гледа степенот на уништување во градот кој со месеци е под руски напад.

Видеото покажува уништени згради, уништена околина и улици преполни со проектили, а повеќе личи на постапокалиптичен филм отколку на град во кој живееле повеќе од 70.000 луѓе.

Русија од летото 2022 година се обидува да го освои украинскиот град Бахмут во регионот на Доњецк, а нападите особено се интензивираа оваа година.

Руските трупи контролираат околу 65 отсто од градот, но украинската армија продолжува да дава жесток отпор.

Украинските воени команданти веруваат дека ќе може да се одбрани градот што претседателот Зеленски го прогласи за тврдина. Рускиот напад беше предводен од платеници од групата Вагнер, но претрпе големи загуби.