Како ги замениле онколошките лекови од 350.000 евра со цитостатик? Д-р Ковчин: Невозможно е да се измами системот, ова е еднакво на убиство!
Голем скандал го тресе здравствениот систем на Северна Македонија. Клиниката за онкологија на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје се најде во центарот на скандал поради тврдењата дека вработените во таа болница на пациентите наместо потребните лекови им давале терапија разредена со физиолошки раствор.
Српскиот новинар Жељко Шајн и онкологот д-р Владимир Ковчин беа гости во утринската програма на српската телевизија Курир и разговараа на темата за случувањата во онколошкиот клинички центар во Македонија.
Онкологот Ковчин објасни како е можно да се случи вакво нешто, потсети на некои слични настани во претходната држава Југославија, а за овој случај даде неколку примери…
– Тука се случуваат и некои политички работи, а истрагата ќе утврди дали нешто друго се случува во позадина за да се сокријат главните виновници. Сосема е можно да се случи вакво нешто. Лековите за онкологија се исклучително скапи и можно е да се направи некоја слична злоупотреба. Истрагата ќе утврди. Ако тоа е вистина, би нагласил дека тоа е еднакво на убиство со умисла – нагласи Ковчин.
Тој е сигурен дека има траги со ампулите и дека лесно може да се утврди како се случила проневерата. Тој го објасни системот во кој се произведуваат овие лекови.
– Системот ,,Като” е систем на централниот систем на лекови. Дозата на лекот се нарачува електронски од сите одделенија поединечно за секој пациент, а системот и механизмот без човечка интервенција ги изработува лековите и ги праќа претежно по електронски пат. Не можете да го измамите тој систем, има електронска контрола врз тие супстанции и не можете да го измамите, ова што се случи овде останува за истражните органи… – рече Ковчин.
Бидејќи овој систем ја чинеше Македонија 350.000 евра, останува прашањето како се случило тоа?
Ковчин додаде дека некои ампули имаат гумени капачиња за да можат да се користат повеќе пати.
– Сите лекови имаат свој рок на траење и секако, со посебни услови за чување. Постојат голем број фактори кои можат да влијаат на тоа дали можете безбедно да ја однесете супстанцијата – додаде тој.