КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ЖЕНАТА Е НЕСРЕЌНА ВО БРАКОТ? Ова се знаци дека вашата врска не е добра: Еве како да ги препознаете!

Студиите за користење на социјалните мрежи и Националниот институт за здравје открија дека прекумерната употреба може да доведе до нарушено ментално здравје. Социјалните мрежи можат да откријат повеќе отколку што мислиме, а експертите откриваат дека најлесно е да се препознае жена која не е среќна во врска и брак .

тага, девојка, тинејџерка

Еве ги знаците:

Разговор со екс

Дали комуницира со машки пријатели, бивши или деловни соработници? Дали лајкува и коментира на содржини што тие ги објавуваат? Дали опсесивно проверува чиј лајк или каков коментар добила? Дали поминува време на социјалните мрежи до доцна во ноќта и штом се разбуди? Ако одговорот на сите овие прашања е да, тоа е знак дека жената не е среќна во врската или бракот. Тоа значи дека бара внимание на погрешно место.

Таа е ментално и емоционално отсутна

Деструктивните навики на социјалните мрежи ја тераат жената да се оддалечи ментално и емоционално поради времето поминато на нив. Ова се знаците кои го покажуваат тоа: поминува повеќе време на Инстаграм кога нејзиниот сопруг е тука, разговара во групи наместо да поминува време со партнерот, флертува онлајн. Истражувањето покажало дека оваа навика во една ситуација доведува до пропаѓање на бракот, а тоа е кога мажот доаѓа од работа и уморен спие, а жената од другата страна го бара она што и недостасува.

Мрежите се позабавни

Ако бара забава и возбуда додека гледа на Facebook, Instagram или TikTok, очигледно е дека нешто недостасува во врската или бракот – чистата забава што ја барате на друго место е силен показател дека не го добивате она што ве интересира и во што уживате во врската. За да се развие врската, велат експертите, таа мора да биде во фокусот на двајцата партнери, а не социјалните мрежи да бидат пред и поинтересни од партнерот.