– Со топлото време се буди и природата, што значи и зголемување на бројот на инсекти, како што се мувите, во и околу домот.
За да се ослободите од несаканите „натрапници“, Андреја Жан, која пренесува бројни совети за чистење и уредување на домот, овојпат споделува трик со монети, вода и ќесе за замрзнување.
– Значи, ставете ги паричките во ќесето и додајте вода за тие да пловат во неа. Ќесето се закачува на влезната врата или пред прозорецот, вели Жан.
Луѓето велат дека овој необичен трик, всушност е навистина делотворен.
– Очите на мувите се многу чувствителни на промените во светлината. Затоа, светлоста што се одбива од паричките ги збунува мувите и ги тера да се оддалечат од вашиот влез, појаснува Андреја.
Нејзиното видео собра над 200.000 прегледи на социјалните мрежи, а повеќе следачи кои го испробале овој трик велат дека се презадоволни.