Како да се отстрани хлорот од водата

Водата од чешма е исполнета со хлор и хлорамин, токсичен гас познат како средство за дезинфекција

Водата што ја пиеме не треба да содржи повеќе од 4 mg хлор во 1 литар вода, но, за жал, тоа ја надминува границата.

Пожелно е да се испита водата што ја пиеме, а тоа може лесно да се направи со тестер кој го тестира квалитетот на водата и количината на хлор.

Сепак, пожелно е да се филтрира водата што ја пиеме, бидејќи хлорот, на долг рок, е многу штетен за човечкото тело.

Пиењето хлорирана вода го зголемува ризикот од рак на мочниот меур, го зголемува нивото на холестерол и предизвикува астма и алергии. Исто така, оваа вода е штетна за кожата и очите, пренесува Телеграфи.

Како да се отстрани хлорот?

Наједноставниот начин да го направите ова е да додадете неколку капки сок од лимон во чаша вода, бидејќи витаминот Ц ја прочистува водата.

Ова прочистување на водата може да се направи и со таблети со витамин Ц Обично потребната пропорција е 1 mg витамин на 1 литар вода, но можете да додадете повеќе, во зависност од количината на хлор во водата.

Хлорот може да се отстрани и со зовривање на водата.