КАКО ДЕНЕС ЖИВЕЕ ЖЕНАТА КОЈА ТАТКО И 24 ГОДИНИ ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВО ПОДРУМ ? Секој ден ја силувал, а таа му родила 7 деца

Таткото монструм кој својата ќерка ја држел затворена во подрум 2 децении, ја малтретирал до смрт.

Сè почесто сме сведоци на дисфункционални семејства кои кријат мрачни тајни. Тие што страдаат најчесто се деца, кои се жртви на нивните родители. Додека излегуваат на виделина бизарни случаи кои сведочат за тортурата низ која поминале одредени деца, не можеме а да не се запрашаме кој е одговорен за тоа.

Пропаднавме како општество? Има ли трошка емпатија во нас? Зошто замижуваме кога гледаме како некој трпи насилство? Ова се само дел од прашањата кои се наметнуваат кога ќе излезе на виделина нешто како случај што ја шокираше целата планета.

Имено, Јозеф Фрицл направил еден од најбизарните дела на кои се сеќаваме. Ја чувал ќерката Елизабета затворена во подрум цели 20 години. Она што се случи таму ги шокираше дури и оние на кои не им се непознати случаите како овие.

Ја силувал ќерка си секоја вечер од 11-годишна возраст – таа му родила седум деца

Додека полицијата интензивно ја бараше малата Елизабета, никој не помислуваше дека таа е под местото каде што стоеле и дека ја преживува тортурата и пеколот што се гледа само во хорор филмовите.

На 28 август 1984 година, таткото ја повикал својата ќерка во подрумот. Во тоа време тој ја поправал вратата на реновираниот подрум и му била потребна нејзината помош. Сепак, сето тоа беше трик со кој Јозеф ја онесвести ќерка си и ја затвори во подрум.

Во следните 24 години, внатрешноста на визбата беше единственото нешто што Елизабет го виде. Според некои тврдења, Елизабет била силувана повеќе од 3.000 пати. На својот татко му родила две деца. Керстин и Стефан останале во подрумот со мајка им, преживувале од неделните оброци што им ги носел Јозеф.

Таа роди уште пет деца. Едното умрело кратко по раѓањето, другото останал во подрумот, а три биле однесени на катот за да живеат со Јозеф и Розмари. Бидејќи Јозеф ги убедил полицајците и мајката на Елизабета дека девојчето побегнало од дома и се приклучило на секта, ги донел нивните деца и рекол дека тоа се деца кои нивната „забегана“ ќерка ги оставила на прагот бидејќи не можела да се грижи за нив нив.

Каде се тие денес?

На 26 април 2008 година, Елизабет успеала да побегне од подрумот. Таа тогаш имала 42 години. Таа го искористила моментот кога едно од децата се онесвестило, а Јозеф се согласил да му пружи лекарска помош.

Кога пристигнал медицинскиот персонал, Елизабет им кажала што и се случило. Истото го кажала и во полиција, а нејзиниот татко Јозеф веднаш бил уапсен. По судењето, Елизабет добила ново име, а нејзиниот нов идентитет никогаш не бил откриен.

Таа сега живее со своите шест деца во едно австриско село, а не се открива ниту идентитетот на нејзините деца, ниту каде се наоѓаат.