,,Како дете кое поминало низ војна, единствено можам да кажам…” Новак ја отвори душата и проговори за војната во Украина: Моќните зборови на Србинот ја обиколија Земјата

Најдобриот тенисер на планетата, српскиот ас Новак Ѓоковиќ во интервју за италијанските медиуми го искажа своето мислење за војната во Украина.

„Единствено што можам да кажам, како дете кое поминало низ војната, е ова:

,,Никој не победува во војна! Војната е најгрдата работа во животот, најлошиот изум на човекот, најлошата идеја во историјата“, вели Новак и додава:

Видов две војни, граѓанската во Југославија и бомбардирањето на НАТО. Ги видов страдањата на моето семејство, сиромаштијата на мојата земја. Војната е нешто многу поголемо од нас, само молете му се на Бога да заврши што поскоро“.

Ѓоковиќ потоа се осврна на ситуацијата во Украина.

За жал, војната во Украина зеде замав и секој ден е сè посилна. Ова е траума која влијае најмногу на здравјето, особено на варењето на храната“, открива Новак и го споделува своето искуство:

Имав проблеми со мојот микробиом, кариерата ми тргна во нагорна линија дури кога дознав дека сум нетолерантен на глутен и млечни производи, а тоа можеби е поврзано со војната“, вели Новак.

Српскиот ас конечно објасни зошто не може да поддржи ниту една војна, против ниту една земја на планетата.

Најлошата работа е секако загубата на некој близок, тоа остава празнина во секое семејство. Затоа никогаш нема да поддржам војна“, јасен е Ѓоковиќ.