Како изгледаше екстрадицијата на убиецот на Вања: Палчо е ладнокрвен, не разговара со никого! (фото)
Ладнокрвен, без никакви поплаки, Љупчо Палевски Палчо е сместен во притвор во затворот во Шутка, под сомнение дека минатата година ги убил Вања Ѓорѓевска (14) и Панчо Жежовски (74).
При приведувањето не пружал отпор, ниту пак разговарал со придружничката и полицајците кои го зеле по екстрадицијата од Турција. Со себе носел неколку работи со кои бил фатен додека бегал кон Баликесир.
Се дознава дека покрај пари со себе имал и документи, мемориски дискови, картички и камери. Турските власти тие материјали им ги предале на македонските власти при екстрадицијата.
Не се знае дали завршиле во МВР, Обвинителство или кај Палевски во затворот во Шутка.
Првите две локации во Македонија каде беше одведен Палчо беа Кривичниот суд, а потоа и рочиштето во Обвинителството.
Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов, рече дека за Палевски важат посебни протоколи – од начинот на кој се обезбедува со специјално одредени лица, до крилото каде што е сместено, како и храната.
За време на приемот биле вршени редовни контроли кои се прават кај сите затвореници, а Палчо немал поплаки за неговото здравје.
Да потсетиме, тој е главен осомничен за убиството на 14-годишниот Вања, како и за фузерот Панче Жежовски.