Британската компанија Bensons for Beds, со помош на докторката Софи Босток, направила фотографии од тоа како би можела да изгледа една жена до 2050 година ако вообичаено спие шест часа навечер.
Иако сите сме свесни за краткорочните ефекти на заморот, тој исто така може да предизвика долгорочна штета. Моделот користен на фотографиите го доби името Хана. Нејзиното згрчено држење, проретчената коса и остарената кожа се создадени од резултатите од академските истражувања за лишување од сон.
„Хана е илустрација која предизвикува размислување за сеопфатното влијание што спиењето го има врз одржувањето на целокупното здравје. Истражувањата покажуваат дека продолженото лишување од сон може да ве изложи на поголем ризик од состојби кои можат да влијаат на срцето, вклучувајќи дебелина, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. “, рече таа, е Босток.
Доколку не спиете доволно, со текот на времето на вашето лице ќе се појават длабоки брчки, темни кругови и опуштени усни. Покрај тоа, вашите очи често ќе бидат отечени и црвени.
Недоволното спиење е поврзано со појава на мрсна коса и алопеција. Очекувано, лошиот сон е поврзан и со болки во грбот, што на крајот доведува до лошо држење на телото.
Хана има и висцерална маст, или сало на стомакот што се акумулира околу виталните органи. Се намалуваат хормоните одговорни за глад – лептин и грелин, што значи дека апетитот се зголемува.
Континуираното губење на сон може да доведе и до метаболичка дисфункција и губење на мускулната маса. Кај Хана тоа го покажува мускулната атрофија на рацете и нозете. Има и многу други проблеми: слаб имунитет, проблеми со бубрезите, депресија и зголемено воспаление, што може да доведе до разни видови хронични заболувања. Експертите ги советуваат возрасните да спијат од седум до девет часа навечер.