КАКО ИНТИМНИТЕ ОДНОСИ ВЛИЈААТ НА ТЕЛОТО ПО 50 ГОДИНИ? Многумина не се ни свесни што може да им се случи, а една работа ќе направи ЧУДО

Денеска сè погласно се зборува за интимните врски, додека порано сè што е поврзано со интимноста беше табу. Мажите и жените често немаат иста перцепција за квалитетна интимна врска, а посилниот пол откри како да препознае жена која е „добра во кревет“.

Многумина мислат дека по 50-тата година интимните врски полека „умираат“ и се сè поретки, меѓутоа, сексуалниот живот може да биде од големо значење за нашето здравје, а треба да се практикува во нормални граници.

Истражувањата потврдија дека постарите луѓе кои имаат редовен секс имаат подобра меморија, а сексот со сакамата личност ја зајакнува и одржува емотивната врска.

Интимните врски по 50-та се корисни за вас

Квалитетната исхрана, тренинзите и редовните медицински прегледи дефинитивно ќе ви помогнат да го одржите доброто здравје и да постигнете долговечност. Но, во никој случај не ги игнорирајте придобивките од сексуалната активност на таа возраст. Според др.  Џастин Лехмилер, истражувач од Институтот Кинси, сек*от во постара возраст не е само добро за физичкото здравје и менталното здравје (го подига расположението и го намалува стресот), туку е добро и за мозокот. 

„Студиите покажаа дека постарите луѓе кои имаат повеќе се*с имаат подобра меморија“, вели тој. Дополнително, се покажа дека се*сот помага и во емотивното поврзување, а луѓето кои се во емотивни врски живеат подолго – велат експертите.

Послободни сте и поспонтани

Конечно, повеќе не треба да се грижите за контрацептивни средства и нервозно да ги броите деновите до следната менструација. „Без мака со менструации, интимноста може да биде поспонтана и помалку стресна“, експертот за се*с д-р Џулиана Морис. Затоа, фрлете ги сите календари и избришете ги сите апликации за следење на ,,периодот” и само препуштете се на страстите. Друга позитивна работа кога сте во педесеттите години е слободата од сите стравови што можат да ве задржат. Иако можеби сте биле под стрес за вашите сексуални перформанси во младоста, сега подобро го разбирате вашето тело и знаете што е најдобро за вас.

Вашето тело има корист од оргазмот по менопаузата

Во менопаузата, вашето тело се соочува со губење на хормонот естроген, кој е важен за одржување на влажна вагина, што може да доведе до атрофија и болен секс, велат експертите. Но, добрата вест е дека редовниот секс (вклучувајќи мастурбација) може да помогне да ја одржите вашата вагина влажна и еластична – колку сте поинтимни, толку сте повлажни. Во случај тоа да не помогне, секогаш можете да користите природен лубрикант на база на вода.

Ќе имате подобри се*д ако сте во добра форма

„Повеќето од нас нема да можат да ги прават позициите на Кама Сутра на 50 години како што би можеле во нашите 20-ти 2“, вели Антонија Хол, авторка на „The Ultimate Guide to a Multi-Orgasmic Life“. Сепак, останувањето во добра форма може да помогне. Кардио се препорачува за издржливост, но не заборавајте да се обидете и да вклучите вежби како јога за поголема флексибилност за да спречите можни повреди. Хол исто така ја нагласува важноста од правење Кегелови вежби за зајакнување на мускулите на карличниот под. „Тоа ќе ви помогне да стапите во контакт со вашата сексуална енергија и ќе ви даде поинтензивни оргазми“, вели таа.

Вашето тело е совршено

Со возраста, нашето тело се менува и старее. Запомнете дека ова е природно и прифатете го вашето тело како што е. Ако имате проблеми со тоа, сертифицираниот експерт за сексуалност д-р Џејн Флешман предлага да користите свеќи и да ги затемните светлата. „Ако не ви е удобно да се соблекувате пред партнерот, легнете во кревет пред него“, советува таа. Но, на крајот, не дозволувајте вашите несигурности да ја попречат радоста на споделувањето интимност со партнерот.

Одредени позиции се побезбедни од другите

Се*аот може да биде физички напорен – некои положби можат да направат притисок на колковите, колената или грбот. Затоа Хол препорачува да се пробаат позиции кои користат поголеми мускулни групи, како што се мисионерски, лажички и ,,кучешка поза”. Откако ќе најдете омилена поза, „почитувајте ги вашите граници и фокусирајте се на вашето дишење“, вели таа. Колку подлабоко дишете, толку повеќе кислород добивате, што значи поинтензивни оргазми. Затоа, вдишете длабоко и уживајте!

Работите сè уште можат да се загреат

Никогаш не е доцна да ги разбудите страстите со партнерот – постојат различни начини на кои можете да го остварите тоа. Морис препорачува интимност во различни периоди од денот. „Обидете се со секс пред вечера, а потоа гответе или излезете да јадете“, вели таа. „Тоа целосно ја менува атмосферата на оброкот.

Таа, исто така, препорачува да направите список со вашиот партнер на сите сексуални/интимни работи што никогаш не сте ги направиле, а кои би сакале да ги испробате и почнете да работите на нив. На пример, сексуалните играчки специјално дизајнирани за парови може да бидат одличен начин да додадете нова димензија на сексот, дури и нивното купување може да биде возбудливо. „Една од позитивните страни е тоа што знаете што сакате и можете да имате самодоверба да го пренесете тоа“, вели таа. Затоа, не срамете се! Сега е вашето време.