КАКО ЛАДНОТО ВРЕМЕ ВЛИЈАЕ НА СЕКСОТ ? Мажите се на силен удар, а еве што треба да направат за жешка акција во кревет
Најново истражување ја открива врската помеѓу студеното време и уживањето на мажите во кревет со својата поубава половина. Воопшто не е чудно што постудените и помрачни денови ни носат промени во расположението. Тие исто така можат да предизвикаат сезонско афективно растројство, тип на депресија што го зголемува ризикот од еректилна дисфункција.
Фармацевтот Абас Канани истакнува дека постудените денови доведуваат до пад на енергијата за сите во животот кога станува збор за посилниот пол.
„Многу мажи доживуваат промени во расположението и либидото во текот на зимските месеци. Интимните врски одземаат енергија, и физичка и ментална“, вели тој, додавајќи дека во зима вообичаено сме помалку физички активни и помалку хидрирани, што не е идеално за постигнување и одржување на ерекција.
Абас Канани верува дека сезонското афективно пореметување е предизвикано од помалку сончева светлина што влијае на мозокот, зголемувајќи ја количината на мелатонин, што прави да се чуствуваме поспани. Помалку сончева светлина, исто така, може да го намали количеството на серотонин, што е поврзано со депресија.
Симптомите вклучуваат постојано лошо расположение, недостаток на енергија и раздразливост, што исто така може да го зголеми ризикот од еректилна дисфункција. Понатаму, оваа состојба дополнително се влошува со прекумерно консумирање алкохол, помалку вежбање и консумирање нездрава храна.
Еве што може да ви помогне со еректилната дисфункција:
- губење на вишокот килограми;
- откажување од пушење;
- здрава исхрана;
- секојдневно вежбање;
- избегнување на стрес;
- алкохол во нормални количини.