Како некогаш изгледаше летувањето во поранешна Југославија: Вака беше во 1960-тите, а денешните деца тоа нема да го разберат (Видео)
Снимки кои секогаш предизвикуваат многу копнеж и носталгија.
Ако носталгично се сеќавате на некои стари, минати времиња и стара Југославија, тогаш со жалење ќе погледнете видео од далечната 1960 година, кое го направило непознато британско семејство додека летувале на нашиот тогаш заеднички Јадран.
Аматерското видео е објавено на Јутјуб каналот „MyCentry“, кој вообичаено собира снимки од минатото на социјалистичките земји, а Југославија и животот во неа е една од нивните најпопуларни теми.
– Комунистичка Југославија беше важна туристичка дестинација за туристите од Западна Европа и Америка. Ова е аматерско видео направено од британско семејство од северна Англија при посета на јадранскиот брег во 1960 година – стои во описот на видеото.
Авторите потсетуваат и дека за време на „Студената војна“ Југославија беше единствената социјалистичка земја во која леташе Пан Америка, некогаш најголемата авиокомпанија во светот, како и дека во текот на 60-тите и 70-тите, брегот на Југославија беше вистински хит за туристи и големи бродови за крстарење од западните земји.
Ваквите снимки секогаш предизвикуваат многу коментари, а повеќето се согласуваат дека атмосферата на нив е некако тажна и носталгична, како сè зрачи со мир, бидејќи претставува некои поедноставни и поскромни времиња, кои имале свој шарм.