КАКО НЕКОЈ ДА ГО ПРОБИЛ НЕБОТО: Што сними НАСА? Од вселената и од Земјата се гледаат невообичаени кружни форми 

На почетокот на оваа година сателитот Тера на НАСА сними чудна формација на облаци над Мексиканскиот залив, од кои се добива впечаток дека некој пробил дупка на небото. Ова не е прв пат да се бележи овој феномен, научниците знаеја за него уште од 1940-тите, но само пред околу 15 години сфатија што точно се случува таму.

Приказната е всушност интересна затоа што освен необичниот изглед, овие облаци имаат, може да се каже, и технолошко потекло. Имено, станува збор за „шупливи“ облаци (cavum clouds), кои се толку големи што можете да ги видите и од земја и од вселената. Кога се гледаат од земја, изгледаат како огромна кружна дупка на небото, па не е чудно што често ги мешале со „летечки чинии“ или некоја друга необична појава.

Тие немаше да постојат ако немаше технологија

„Шупливите“ облаци не личат на просечни облаци.. Всушност, тие не се ни обични облаци, односно не би постоеле без технологија. Тие се формираат кога авионите минуваат низ облаците алтокумулус. Altocumulus се облаци кои создаваат групи на неправилни бели и сиви облаци на височини од 2 до 6 километри.

Тие се состојат од суперизладени капки кои остануваат во течна состојба дури и на температури под нулата. Суперладењето настанува кога капките вода се екстремно чисти, без мали честички (како прашина, спори на габи, полен или бактерии) околу кои обично се формираат ледени кристали.

Од што зависи нивната големина?

Алтокумулусните облаци, кои во секој даден момент покриваат околу 8 отсто од површината на Земјата, главно се состојат од течни капки вода суперладени на температура од околу -15°C. Во 2010 година, научниците на НАСА открија дека големината на облаците со кавум зависи од аголот под кој авионот минува низ облаците – поплиток агол резултира со поголема „шуплина“.

Истражувањата покажаа дека такви облаци можат да се создадат од практично секој тип на авион. Тера сними групи од такви облаци на 30 јануари во близина на западниот брег на Флорида. Областа е дом на аеродромот во Мајами, кој има повеќе од 1.000 летови дневно.