КАКО НИВОТО НА ТЕСТОСТЕРОН ВЛИЈАЕ НА АРТРИТИСОТ: Еве што покажа студијата на 10.000 луѓе

Иако секој може да развие артритис, одредени фактори можат да ги зголемат шансите за развој на различни форми на болеста. Најновите истражувања покажуваат дека постои поврзаност помеѓу појавата на артритис и нивото на тестостерон во телото.

Со анализа на над 10.000 возрасни субјекти, научниците открија дека ниските нивоа на тестостерон укажуваат на зголемен ризик од артритис , болест која влијае на зглобовите и ја нарушува подвижноста. Артритисот може да влијае на секојдневниот живот, вклучувајќи ја и способноста на луѓето за работа, извршување на секојдневните задачи и вежбање.

Иако постојат неколку форми на оваа болест, како што се остеоартритис, псоријатичен артритис и ревматоиден артритис, за сите се карактеристични два симптоми, а тоа се воспаление и болка во зглобовите.

Одредени фактори на ризик може да ги зголемат вашите шанси за развој на артритис, вклучувајќи прекумерна тежина и повреди на одредени зглобови. Фактори на ризик за остеоартритис вклучуваат возраст, слаби мускули и повредени зглобови. Некои луѓе исто така може да развијат остеоартритис бидејќи имаат друга предиспонирачка состојба. Фактори на ризик за ревматоиден артритис вклучуваат пушење и одредена генетска структура.

артритис, болен во коленото

Како нивото на тестостерон влијае на артритис

Авторите на студијата забележаа дека претходните истражувања веќе сугерираа дека нивото на тестостерон може да влијае на развојот на артритис, и тие сакаа дополнително да го истражат ова прашање. Во примерок од 10.439 испитаници, тие откриле дека луѓето со артритис имаат пониски нивоа на серумски тестостерон од оние без артритис. Пониските нивоа на тестостерон исто така се поврзани со поголем ризик од артритис.

Понатамошната анализа откри дека поврзаноста помеѓу понискиот тестостерон и артритисот е поголема кај учесниците со повисок БМИ.

Истражувачите, исто така, ги поделија учесниците во четири групи врз основа на нивото на тестостерон. Кога го направиле тоа, тие откриле дека групата со највисоко ниво на тестостерон имала 51 процент намален ризик од артритис во споредба со групата со најниско ниво на тестостерон.

– И машките и женските пациенти со најниско ниво на хормони често се тие кои се жалат на болка од типот на артритис. Ова ги вклучува општите зглобни артропатии поврзани со стареење и абење, но исто така и артропатии од автоимун тип кои се почесто се забележуваат во амбулантската медицина овие денови – објасни д-р Кори Рајс, интернист и специјалист за функционална медицина од Институтот Биоти во Тексас.

Резултатите од студијата укажуваат на потенцијална корист од следењето на нивото на тестостерон кај луѓето со поголем ризик од артритис.