КАКО ПАДНА ЕДЕН ОД НАЈБАРАНИТЕ НАРКО-БОСОВИ ВО СВЕТОТ !? Опасниот италијански мафијаш бил во бегство 11 години, а бил фатен поради неговата љубов за фудбалот: “Не можеше да одолее а да не слави за успехот на Наполи!“
Еден од најопасните и најбарани бегалци во Италија, мафијашот Винченцо Ла Порта, по 11 години успешно криење од полицијата, бил фатен откако бил снимен како страсно слави со другите навивачи и пријатели на неговиот омилен фудбалски клуб – Наполи.
60-годишникот, за кој се верува дека има блиски врски со криминалната група Камора, бил забележан на балконот за време на прославите на една од фотографиите кои ги забележале педантните членови полициските служби.
„Она што го издаде беше неговата страст за фудбалот и Наполи“, изјавиле полициските службеници, истакнувајќи дека фотографиите се направени на почетокот на оваа година кога Наполи ја освои својата прва титула во италијанската лига по повеќе од три децении.
„Поради победата во првенството, Винченцо Ла Порта едноставно не можеше да одолее да излезе да слави“, додаваат органите на редот, пренесуваат италјанските медиуми.
Винченцо Ла Порта претходно беше осуден во отсуство за криминален заговор, даночно затајување и измама. Тој беше уапсен во петокот додека се возел на мопед на грчкиот остров Крф и моментално е во екстрадициски притвор таму и чека екстрадиција во Италија.
Ако навистина е екстрадиран – а нема индикации дека би можел да го избегне тоа – зошто казната затвор е 14 години и четири месеци. Адвокатот на Винченцо Ла Порта за медиумската агенција AP изјави дека тој започнал живот со ново семејство во Грција.
„Тој има 9-годишен син и работи како готвач за да врзе крај со крај. Боледува од срцеви заболувања. Ако биде екстрадиран, тој и неговото семејство ќе бидат уништени“, открил неговиот адвокат.
Италијанските власти беа многу упорни во потрагата по Винченцо Ла Порта, ги следеа неговите финансиски и интернет движења и чекаа тој да направи грешка. Тој момент конечно дојде во мај кога по долги 33 години Наполи го доби толку посакуваниот трофеј во Серија А. Со група навивачи на Наполи на балконот на ресторанот каде работел Винченцо Ла Порта на Крф, со капа на главата, тој е забележан како го вее знамето на клубот и како се радува на големиот успех, но за негова несреќа, некој го снимил тој момент и го споделил на социјалните мрежи.
Органите на прогонот на Италија испратија свои луѓе во Грција, јавува BBC, и со помош на локалните колеги во петокот ја уапсија Винченцо Ла Порта.