Како последица на топлотниот бран што го зафати Мексико од почетокот на годината, починаа 155 лица.
Локалните медиуми јавија дека бројот на загинати се зголемува додека сѐ уште е на сила екстремната жештина, а нивото на водата во браните опаѓа.
Од почетокот на 2024 година, 155 луѓе починаа како последица на екстремно топлото време низ целата земја, од кои повеќето во Веракруз.
Температурите надминаа 45 степени во сојузните држави Веракруз, Табаско, Тамаулипас, Нуево Леон и Сан Луис Потоси.
Секретаријатот за здравство соопшти дека само од 13 до 18 јуни како последица на високите температури починале 30 лица.
Соопштено е дека околу 2.567 лица дошле во болниците поради сунчаница.
Се наведува дека горештините ќе траат до 5 октомври.
Во некои држави, количината на вода во браните падна на критично ниво.
Националната метеоролошка служба препорачува хронично болните да останат надвор во одредени часови, освен ако не е апсолутно неопходно.