Како преминувањето на зимско сметање на времето влијае врз возалите? Ќе има повеќе возење во темница а една многу важна работа што треба да ја имате на ум (фото)

Со префрлање на зимско сметање на времето, се менува и нашиот биоритам. Можеби за многумина не изгледа како драматична промена, но дефинитивно сега повеќе ќе возиме во темница.

Главните последици од временските промени кај возачите се замор, поспаност, зголемена чувствителност на одвлекување на вниманието од возењето, главоболки и раздразливост.

Сите овие појави можат да влијаат на возењето и безбедноста на патиштата, објави Шпанската управа за сообраќај (DGT). Се советува додека телото да се навикне на промената на времето за неколку дена, да се придржува до редовен распоред на оброци и одмор, како и да ги почитува пропишаните осум часа сон кога е можно.

Кога возите, најдобро е да ја намалите брзината на возење за околу 20 проценти во споредба со моменталната брзина и да преземете екстремни мерки на претпазливост, особено помеѓу 4 и 6 часот наутро.

Пократките денови во зима значи дека возачите поминуваат повеќе време зад воланот во услови на слаба видливост. Отсега натаму, ќе возиме повеќе во темница отколку во текот на денот, па затоа е важно да се запамети дека ноќното гледање може да се намали на само 30 проценти, со намалување на визуелната острина за 70 проценти и значителен пад на перцепцијата на длабочина и способност за мерење на растојанија.

Тука е и проблемот со ноќната миопија (кратковидност), која се јавува поради недостаток на светлина, поради која зениците се шират, а од која страдаат сите возачи навечер.

Овие околности предизвикуваат поголем замор на очите и губење на периферниот вид, затоа мора да преземеме мерки на претпазливост зад воланот, да избегнуваме брзо возење и секогаш да ги почитуваме сообраќајните прописи.