Како Путин му го „спаси животот на Трамп“? Политикологот Дугин се огласи како одговор на разговорот меѓу двајцата претседатели
Пред телефонскиот разговор, кој се очекува до 16 часот, меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп, во јавноста се појави изјава на рускиот филозоф, социолог и политиколог Александар Дугин, кој оценува дека рускиот претседател „го спасил животот“ на американскиот претседател.
Имено, Дугин денеска оцени дека рускиот претседател Владимир Путин му го „спасил животот“ на американскиот лидер Доналд Трамп кога минатата година изјави дека Русија ја поддржува неговата противкандидатка Камала Харис на претседателските избори во САД.
„Ако Путин речеше дека го поддржува Трамп, тогаш Трамп сигурно ќе пропадне. Путин едноставно си го спаси животот кога го поддржа Харис. Ова, мислам, беше апсолутно коректен потег на вистински стратег. Трамп му го должи животот на Путин за поддршката на Харис“, рече Дугин на прес-конференција на која ја презентираше својата нова книга „Револуцијата на Доналд Трамп. Редот на големите сили“.
За време на говорот на пленарната сесија на Источниот економски форум во септември 2024 година, Путин рече дека Русија ќе ја поддржи демократската претседателска кандидатка Камала Харис.
Рускиот лидер истакна дека Харис „заразно се насмевнува“, што покажува дека и оди добро.
Да потсетиме, Путин и Трамп последен пат разговараа на 12 февруари, а разговорите траеја речиси час и половина. Меѓу другото, тие разговараа и за решавање на украинската криза. Шефовите на држави се согласија да продолжат со контактите, вклучително и прашањето за организирање лична средба.