КАКО РОМАН АБРАМОВИЌ ГО ФИНАНСИРА ВЛАДИМИР ПТУИН !? Тајна зделка од 40 милиони долари објавена јавно
Откриените тајни документи кои денес ги објави BBC покажуваат трага на пари што го поврзува рускиот олигарх Роман Абрамовиќ со двајца мажи кои се познати како „паричници“ на претседателот на Русија, Владимир Путин, односно со виолончелистот Сергеј Ролдугин и бизнисменот Александар Плехов.
Документите се однесуваат на трансферот на акции во високопрофитабилната руска рекламна компанија Video International од компании во сопственост поврзана со Роман Абрамовиќ, па, според BBC, двајца членови на „внатрешниот круг“ на Владимир Путин, добивале дивиденди од повеќе милиони долари.
Сергеј Ролдугин е уметнички директор на музичка куќа од Санкт Петербург, а со Владимир Путин се познава уште од мал и наводно го запознал со Људмила Шкребнева, со која рускиот претседател се оженил во 1983 година.
Претходно оваа година, швајцарските обвинители изјавија дека двајцата се „фикуси“, а не вистинските сопственици на средствата на банкарските сметки.
Наводната плата на претседателот Владимир Путин во 2021 година била нешто повеќе од 100.000 долари (72.700 фунти), но има гласини дека неговото богатство би можело да биде помеѓу 125 и 200 милијарди долари и дека е скриено во мрежа од компании и во сметките на пријателите, од кои главно се користеле сметките на Сергеј Ролдугин и Александар Плехов, додава BBC.
Велика Британија воведе санкции за двајцата, додека Сергеј Ролдугин беше санкциониран од ЕУ и САД, кои го опишаа како „чувар на офшор богатството“ на претседателот Владимир Путин.