КАКО ЏО БАЈДЕН ГО ПРОМЕНИ СТАВОТ “ПРЕКУ НОЌ“ !? Под голем притисок претседателот на САД го промени наративот: “Сега тој повикува на хуманитарна пауза од израелските напади на Појасот Газа“

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, и неговиот тим значително го променија тонот во последните денови кога го коментираа и зборуваа за конфликтот меѓу Израел и Хамас и израелските напади врз Појасот Газа, од безусловна поддршка за Израел до нагласување на потребата да се заштитат животите на палестинските цивили што претстои на очекуваната израелска копнена инвазија.

Џо Бајден не го промени своето суштинско верување дека Израел има право и одговорност да се брани по нападот на 7. октомври од страна на палестинска милитантна група во кој загинаа 1.400 цивили во пограничните области, изјавија неговите помошници за медиусмката агенција Reuters.

Но, брзото зголемување на бројот на загинати во Појасот Газа, тешкотиите во ослободувањето на заложниците на Хамас и зголемениот негодување од арапските нации, европските сојузници и некои Американци, го принудија тимот на претседателот на САД да се приклучи на повиците за хуманитарна пауза во израелските напади и помош за Палестинците, открија неколку извори од неговата администрација.

Официјален претставник на Белата куќа рекол дека промената на тонот се заснова на „факти од теренот“ во Појасот Газа, каде што хуманитарната ситуација се влошува, како и на разговорите со земјите ширум светот.

слика

Во Белата куќа имаше тензии меѓу Џо Бајден и неговите сојузници за тоа каков став треба да заземе САД за овој конфликт на Блискиот Исток, вели еден поранешен функционер кој е во комуникација со сегашната администрација. Тој вели дека се случила „вид на еволуција“, од целосна поддршка за Израел до воведување нијанси во настапот на американското раководство.

Владата не очекуваше дека бројот на палестински жртви ќе се зголеми толку брзо“, рекол американскиот функционер кој сакал да остане анонимен. 

Локалните власти тврдат дека сега ги има повеќе од седум илјади жртви. Самиот Џо Бајден во четвртокот кажа дека сигурен е дека умираат невини луѓе и дека тоа е цената на водење војна, но дека нема доверба во бројките што ги наведуваат Палестинците.

Следната година Џо Бајден го чекаат претседателски избори, а некои аналитичари сметаат дека тој може да изгуби дел од поддршката доколку не ги поддржи и Палестинците. Поранешниот претседател Барак Обама, чиј потпретседател беше Џо Бајден, исто така предупреди дека дејствијата на Израел би можеле да предизвикаат контраефект и дека блокадата на хуманитарната помош може да ги потврди ставовите на генерации Палестинци.

Еден американски извор рекол дека помошниците на Џо Бајден ги повикуваат нивните израелски колеги внимателно да ја испланираат својата стратегија за излез пред копнената инвазија. Американските воени советници предупредуваат дека израелската Армија се соочува со тешка задача на поле полно со тунели и замки што може да доведат до големи жртви меѓу војниците и цивилите.