Европската Унија подготвува план Б за тоа како да ги одржи економските санкции против Русија доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги напушти мировните преговори за Украина и се приближи кон Москва, изјави денес за „Фајненшл тајмс“ високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
„Гледаме знаци дека тие размислуваат да ја напуштат Украина и не се обидуваат да постигнат договор со Русите бидејќи е тешко“, рече Калас, алудирајќи на САД.
Таа додаде дека постои план Б, но дека прво мора да работат на остварување на планот А
Калас, исто така, рече дека се во тек разговори со Вашингтон и други меѓународни партнери за да се обезбеди дека режимот на западни санкции против Русија останува на сила, објави Ројтерс.