Калиопи среде ноќ може да му се јави на поранешиот сопруг, а со неговата сегашна сопруга е најдобра другарка: Моето дете има две мајки  (Фото/Видео)

Калиопи Букле и нејзиниот колега Жељко Самарџиќ своето долгогодишно пријателство го крунисаа со дуетска песна наречена „Знам“, чиј автор е поранешниот сопруг на пејачката, Ромео Грил. Пејачката за порталот „24седум.рс“ говори за новата песна, за сите новости во нејзиниот живот – приватни и деловни, но и за подемите и падовите. 

Иако пред три децении се разведе од првиот сопруг, Калиопи не крие дека среде ноќ може да му се јави, а неговата сегашна сопруга дури дошла да ја поддржи на промоцијата на новиот дует. 

За своето пријателство со Жељко Самарџиќ, Калиопи вели дека нивниот однос е пример за вистинско пријателство.  

– Луѓето од светот на шоу-бизнисот сакаат да зборуваат за тоа колку се сакаат, а потоа доаѓа некој скандал. Ова наше пријателство е чисто и нормално, семејно, вели Калиопи. 

Таа вели дека со Жељко отворено разговараат за сè и не верува дека тој нешто скрил од неа. 

– Ние сме многу транспарентни. Зборуваме за мисли, емоции. Се разбира, без Ромео, оваа спонтаност не би постоела. За среќа, песната е тука, ние од прва се најдовме во таа песна. Во песната наоѓам многу моменти кои ги поистоветувам со него, но и лични, а најмногу има моменти од двајцата, нагласува Калиопи. 

Таа додава дека песната „Знам“ од нивна гледна точка е за пријателство, додека од аспект на слушателите е за љубов. 

– Таа е и љубовна и животна. Што значи љубовта? Најголемите љубови се пријателствата меѓу партнерите. Ако не постои пријателство, љубовта може брзо да заврши. Можеби затоа сум во добри односи со поранешните сопрузи, затоа што го зачував тоа пријателство, вели Калиопи. 

Според неа доказ за тоа пријателство е тоа што таа може да му се јави на Ромео среде ноќ ако и’ треба помош или зборови за поддршка. 

– Тогаш најмногу можам да му се јавам бидејќи е во студио и работи. Знам каде е. Овде сме денес целото семејјство. Ромео дојде со сопругата, таа ми е најблиска пријателка. Ние живееме така. Секогаш велам дека моето дете има две мајки, пред малку Ромео рече: „Ромео има три жени“. Толку се спријателивме, додава Калиопи 

Таа потенцира дека меѓу нив нема суета и љубомора, имаат минато и сегашност, а верувам дека ќе имаме и иднина. – Верувам дека тоа е суштината на животот, истакнува пејачката. 

Кога станува збор за нејзиниот живот на приватен план во изминатиов период, Калиопи во интервјуто потсетува дека лани почина нејзиниот татко. 

– Ми беше многу тешко. Дента кога ме известија дека починал, имав концерт на Фрушка Гора. Имав два концерта по ред. Направивме се одлично, пеев како никогаш дотогаш, имав чувство дека е до мене, но да ме прашаш сега за некој детал од тој концерт, ништо не се сеќавам. Тоа ми беше многу тешко. Животот носи се. Треба да живееме во моментот, не знаеме што ќе биде утре, раскажува Калиопи. 

Таа признава дека иако и било тешко во тој момент останала професионалец до крај.  

– Моите родители ме воспитаа така, но и Ромео. Професионално најмногу научив од него, додава Калиопи.