Камбовски: Најверојатно предметот со загинатата Теодора Ристовска од Тетово ќе се врати повторно во судница

Најверојатно предметот со загинатата Теодора Ристовска од Тетово ќе се врати повторно во судница, рече претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски.

Од сејството за загинатата Теодора Ристовска очекува дека Судскиот совет адекватно ќе постапи во врска со, како што истакнаа, скандалозната и срамна одлука на тетовскиот судија Елведин Ферати кој обвинетиот Менсур Пајазити го осуди на две години затвор за сообраќајката која заврши фатално 22-годишната Теодора од Тетово.

Имаме сомнеж како семејство дека зад оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. И натаму силно ќе се бориме за правда за Теодора. Исто така, јавно сакаме да прашаме зошто иницијативи како ‘Кој е следен’ немаат покажано никаков интерес за нашиот случај, а наводно се борат против трулиот и корумпиран систем. Ги немаше ниту на последното рочиште кога се изрече скандалозната одлука од само две години затвор за убиецот на Теодора. Сметаме дека е доста од лажни иницијативи со скриени агенди каде жртвите се само средство за постигнување на туѓи цели“,

Обвинителството ќе ја чека писмената пресуда со која судијата Ељведин Ферати му досуди само две години затвор на Менсур Пајазити кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово, па ќе одлучи дали ќе поднесе жалба.