Камерон Дијаз откако стана пензионерка престана да се тушира: Познатата актерка стана мајка на 48 години, па отиде во пензија, а сега е видена за првпат (фото)
Откако се повлече од светот на актерството, немаме можност често да ја гледаме Камерон Дијаз во јавност. Пред неколку години, таа влезе во светот на бизнисот и основа семејство со нејзиниот сопруг Бенџи Меден.
Меѓутоа, сега не можеше да остане незабележана на улиците на Беверли Хилс, каде папараците ја фатија како разговара со пријател на паркингот.
Познатата актерка имаше облечено црна ленена кошула со кратки ракави и ленени панталони, а аутфитот го комплетираше со сандали со златнен преврзок. Бидејќи тоа беше неврзан состанок, Камерон не носеше шминка а косата ја имаше врзано во широка пунџа.
Инаку, во јуни минатата година беше откриено дека Дијаз ќе излезе од актерска пензија по наговор на неговиот колега Џејми Фокс.
Дијаз ја снима акционата комедија „Return to Action“ со познатиот оскаровец. Тие двајца претходно глумеа заедно во ,,Ени” од 2014 година, што беше и нејзино последно појавување во долгометражен филм.
Актерот и музичар Фокс вестта ја објави на социјалните мрежи и сподели телефонски разговор меѓу него и Дијаз.
„Се чувствувам возбудено, но не знам како да го направам тоа“, вели Дијаз во видеото.
Да потсетиме дека славната актерка ретко се појавуваше во јавноста откако се повлече од актерството, а неодамна откри колку и’ се променил животот откако ја напушти забавната индустрија во 2014 година.
,,Сега не се грижам за мојот изглед. Тоа е буквално последното нешто за кое се грижам на дневна основа. Не правам ништо. Двапати месечно можеби користам некои производи за убавина. Не го мијам ни лицето” сподели Камерон, која има тони производи вредни „милиони“ на нивните полици.
Инаку, Дијаз од 2015 година е во брак со музичарот Бенџи Маден од групата Good Charlotte, а ја имаат ќерката Радикс.
Актерката ја изненади јавноста кога во јануари 2020 година ја објави радосната вест за новороденчето бидејќи претходно изјави дека не размислува за мајчинството.