Канада ѝ праќа на Украина 800 беспилотни летала од домашно производство

– Канада најави дека на Украина ќе ѝ прати повеќе од 800 беспилотни летала од домашно производство.

Во соопштението на канадското Министерство за одбрана беше наведено дека станува збор за беспилотни летала од моделот СкајРенџер Р70, кои ќе придонесат за одбраната на Украина.

Вкупната вредност на беспилотните летала е повеќе од 70 милиони долари.

Се додава дека беспилотните летала се од клучна важност во собирањето разузнавачки информации и може да се користат и за транспорт на материјали.

Беспилотните летала ќе им помогнат на украинските војници да го препознаат кој било извор на топлина од далечина, особено во темнина и лоши временски услови.